Можат да си заминат „ за џабе“, од 1. јануари Меси, Агуеро, Рамос се слободни да преговараат со нови екипи

На само два дена со 1. јануари 2021 година и стартот на зимскиот преоден рок, во фудбалот првиот ден од новата година ќе значи уште нешто, неколку фантастични фудбалери ќе влезат во последните шест месеци од договорот и со тоа имаат можност без обесштетување да ги напуштат актуелните екипи.

На сите играчи кои договорите им истекуваат на 30. јуни 2021 година, од првиот ден во новата година можат без одобрување на актуелните екипи да преговараат и да потпишат предговори со идните екипи, а листата на играчи кои можат да ја искористат таа можност е импресивна.

Британскиот „Скај спортс“ издвои 20 фудбалери на кои договорите им истекуваат во јуни 2021 година.
Прво име на листата е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, кој сакаше да си замине и минатото лето но поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу не му дозволи. Меси точно 20 години е дел од Барселона и разочаран од случувањата во клубот во последно време најави заминување. Но, конечната одлука ќе ја донесе по изборите за нов претседател на Барселона кои се закажани за 24. јануари.
Неговиот кум, Серхио Агуеро исто така може слободно да го избира новиот клуб бидејќи во последната сезона не е во прв план кај Пеп Гвардиола, додека Арсенал ќе биде најголем „победник“ бидејќи конечно ќе може да се ослободи од Месут Озил и неговата огромна плата која изнесува 300.000 фунти неделно.


Покрај Меси, еден од најбараните слободни агенти ќе биде и дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба кој ја одби понудата на баварците и бара астрономски 25 милиони евра годишно, за потоа да ги намали апетитите на 20 милиони евра.
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос исто така ќе биде слободен играч од 1. јули 2021 година но негова желба е да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Меѓу играличите кои најверојатно ќе ги променат екипите се наоѓаат имињата на Мемфис Депај, Жоржињо Вајналдум, Анхел ди Марија, Оливие Жиру, Џанлуиџи Донарума, Хакан Чалханоглу, Џеси Лингард, Шкодран Мустафи, Жером Боатенг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот