Канаваро: Наполи е блиску до Скудетото благодарение на Спалети

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Поранешниот италијански репрезентативец Фабио Канаваро вели дека сезонава е поразлична и дека Наполи со своите игри заслужи да биде моментно убедливо на првото место во Серија А со 17 бодови повеќе од второпласираниот Лацио на седум кола до крајот на сезоната.

Поранешниот светски шампион со „аѕурите“ во интервјуто за „Гаѕета дело Спорт“ ја анализираше сезоната на Наполи.

– Скудето? Оваа титула е комплетно различна приказна во споредба со претходните. Доминацијата на Наполи ги натера другите клубови да се фокусираат на различни цели. Претходните две титули на Наполи во 1987 и 1990 година имаат уникатен, извонреден бренд: Марадона. Ова Скудето, пак, има многу лица и заслугата е пред сè на Лучијано Спалети – вели Канаваро.

Потоа, вниманието на Канаваро се префрла на Виктор Осимен и Квича Кварацхелија, столбовите на Наполи.

– Двајцата се многу силни, но воглавно Спалети направи една натпреварувачка група со исклучителен континуитет“. Спалети претстави одлична игра и тимска рамнотежа. Не само што игра меѓународен фудбал, туку е ефикасен и успешен. Затоа што многумина се обидуваат, малкумина успеваат. Тој постигна нешто во што можеби не веруваше на почетокот – рече Канаваро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот