Кан Јунис – новиот епицентар на војната во Газа

Кан Јунис / Фото EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Појасот Газа и денеска е цел на силни израелски воздушни напади, кои се случуваат во време на закани од палестинското исламистичко движење Хамас дека нема да ги ослободат преостанатите „живи“ заложници без преговори и дека бараат исполнување на сите нивни барања.

Во текот на ноќта беа извршени силни воздушни напади врз градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа, кој е новиот епицентар на војната. Кан Јунис моментално е дом на стотици илјади цивили кои, по совет на Израел, избегаа од другите делови на палестинската енклава кога почнаа бомбардирањата во Газа.

Исламскиот џихад, другото вооружено исламистичко движење во Газа, соопшти дека во делови на градот Газа се водат тешки борби.

Во однос на повторуваните израелски повици жителите на Газа да се евакуираат од целиот Појас, Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) вели дека ниту еден дел од енклавата не е безбеден за жителите.

– Изгубивме повеќе од 130 колеги, половина од нив беа убиени во централните и јужните области, изјави за Ал Џезира Џулиет Тума, директор за комуникации во УНРВА. „Ова е само еден пример што покажува дека никаде не е безбедно“.

Израелската армија денеска информира дека од Газа биле истрелани ракети, како и дека вчера се воделе „жестоки битки“ во секторите на градот Газа и во Кан Јунис.

Палестинското движење Хамас вчера предупреди дека ниту еден од заложниците кои беа киднапирани за време на нападот на 7 октомври и се уште се во Појасот Газа нема да замине „жив“ без преговори и „без одговор на нивните барања“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот