Кампањата даде резултати: Болниците за празниците без пациенти со повреда од петарди

Петарди/ Фото Архива на СП

За време на новогодишните и божиќните празници на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје не бил примен ниту еден пациент со повреда од петарди и пиротехнички средства.

Се надеваме дека овој тренд ќе го зачуваме и понатаму и во наредните години, информираат од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија.

Во предновогодишниот период, од 19 до 29 декември 2022 година, Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Eвропската медицинска студентска асоцијација (ЕМСА – Македонија) спроведоа кампања „Петардите ги уништуваат празниците”.

Посочуваат дека кампањата беше со едукативен карактер за последиците од примената на петарди и пиротехнички средства и беше наменета за средношколците од прва година на територијата на нашата држава. Во текот на овој период во училиштата се оддржаа предавања и интерактивна дискусија за сериозните повреди што може да настанат од нивната употреба.

За нејзина реализација беа вклучени 65 лекари – специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија, специјализанти по пластична и реконструктивна хирургија, лекари од градовите на нашата држава, студенти од петта и шеста година од општа медицина од Медицински факултет – Скопје, членови на ЕМСА и ЕМСА алумни.

Со едукативните предавањата, како што се наведува, беа опфатени 10.011 ученици, 67 училишта и 28 градови во земјава. Предавањата се одржаа на македонски, албански, англиски и турски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот