Камионџиите постигнаа договор со полската влада

камиони
Камиони/ Фото: МИА

Полските возачи на камиони кои блокираа некои гранични премини со Украина од ноември, постигнаа договор за „одредени услови“ со владата и ќе ги прекинат протестите во среда напладне, потврди организаторот. Полските возачи побараа од Европската унија повторно да воспостави систем според кој на украинските компании им требаат дозволи за работа во Унијата, како и на европските возачи на камиони кои влегуваат во Украина, пренесува Хина повикувајќи се на Ројтерс.

„Нема да биде крај, но ќе има прекин на протестот“, рече Томаш Борковски од Комитетот за заштита на превозниците и работодавачите во сообраќајот. Крајот на протестот не значи крај на борбата „Се договоривме за одредени услови, ќе и дадеме време на владата да работи бидејќи тоа е нова влада“, додаде тој. Полските земјоделци одлучија да го прекинат протестот на граничниот премин со Украина во Медика, откако владата се согласи со нивните барања претходно овој месец. Сепак, камионџиите блокираат уште три гранични премини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот