Камионџиите кои возат надвор од државата ќе мора да извадат посебна дозвола

За да нема застој транспортерите треба да ги вадат дозволите преку дозволите преку асоцијациите на транспортерите.

Работата на транспортните компании кои вршат превоз на стоки полека се враќа во нормала. Непрекинато се одвива процесот на издавање лиценци, одобренија, дозволи. Во градежниот сектор реално засега нема поголем застој, но реално е да се очекува, оцени денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој потенцираше дека успеале да ги вратат заглавените возачи од кризните подачја, секојдневно добиваат и нови информации за наши граѓани блокирани на некоја од границите, но постојано се во комуникација со нашите амбасади во тие држави и се обидуваат во најбрзо време да ги донесат дома.

Сугарески најави дека од утре секој транспортер што ќе врши транспорт надвор од границите на државата ќе мора да извади дозвола од Државниот санитарени здравствен инспекторат. За да нема застој транспортерите треба да ги вадат дозволите преку дозволите преку асоцијациите на транспортерите.

Во однос на дозволите за влез и излез во државата, појасни ресорниот министер, се дефинирани правила и е направено усогласување со Министерството за внатрешни работи, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Царинската управа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот