Камион удри во воз во Унгарија, има загинати и повредени

ФОТО : Tвитер

Во судир меѓу камион и воз во јужна Унгарија кој се случи рано утринава загинаа неколку лица, а над 10 се повредени, соопшти тамошната полиција.

Тамошните власти првично соопштија дека пет лица починале на лице место, а некои унгарски медиуми јавуваат и дека бројот на жртви се искачил на седум, додека во возот имало 22 патници и дека од осум повредени двајца се во критична состојба.

Унгарскиот портал Индекс пишува дека несреќата се случила утрово пред 7:00 часот во областа Миндсент на железничкиот премин „Дели“ и дека камионот поминал преку пругата, и покрај знакот за забрана, каде се судрил со возот кој во тој момент поминувал.

Според медиумите сд јачината на ударот возот излетал од шините. Полицијата се уште ја држи затворена областа во целата ширина на патот, а сообраќајот е пренесочен на околните улици, пишува унгарски Индекс.

„Спасувачките акции сè уште се во тек, така што се уште не можеме да го утврдиме бројот на жртви. Во несреќата неколкумина се повредени, а неколку починале на местото на настанот“, се вели во соопштението на полицијата, без да се наведат дополнителни детали.

Како што се вели пак во соопштението на полицијата, камионот влетал во шините и возачот ги игнорирал црвените светла за да застане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот