Камион се преврте на бул. „Борис Трајковски“- сообраќајот во застој

Полиција/ фото: МВР

Извртен камион претпладнево предизвика застој во сообраќајот на булеварот „Борис Трајковски”, на потегот каде што извршуваат градежни работи за реконструкција.

На тој дел од потот што води од Драчево кон Охис, наизменично се пропуштаат возила во двата правца. Нема информации дали некој е поивреден.

Се апелира граѓаните што управуваат со возила да внимаваат на ознаките и обележувањата за градежни работи на патот оти се уште трае градежна сезона и некои патни потези мора да се санираат пред зимата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот