Камерун: Исчезнатиот популарен новинар пронајден мртов

Полиција во Камерун/ Извор: МИА

Според анонимен полициски извор, популарниот новинар од радиостаница во Јаунде, Мартинез Зого, кој беше исчезнат неколку дена, е пронајден мртов.

Уредникот на радиото Amplitude FM, каде новинарот работел, рекол дека утрово отишол во Ебого (15 километри северно од Јаунде).

-Го видов и го препознав телото на Мартинез Зог. Присутен беше заменик-обвинителот, а неговата сопруга беше таму да го препознае, изјави уредникот.

Полициски извор за AFP ја потврди смртта под услов да остане анонимен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот