Каков удар за Баерн, Левандовски мора на долга пауза! (ФОТО)

twitter.com/FCBayern

Во клучен дел од сезоната, најдобриот стрелец во Лигата на шампионите скоро еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени…

Фудбалерите на Баерн со една нога се наоѓаат во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако славеа со 0:3 во првиот натпревар во вторникот на „Стемфорд бриџ“ кај екипата на Челзи.

Но, пред продолжението од сезоната баварскиот клуб се соочи со голем проблем, бидејќи се повреди неговиот најдобар стрелец, Роберт Левандовски.

Како што и официјално потврдуваат од „Алијанц“ арената, полскиот интернационалец ќе биде околу четири недели надвор од терените.

После враќањето од Лондон беа направени додатни прегледи кои потврдија фрактура на тибијата на левото колено, па така Баерн ќе мора скоро еден месец да игра без Полјакот.

Се очекува Левандовски да носи гипс во наредните 10 дена, а потоа ќе следува уште околу три недели рехабилитација до враќањето на теренот.

Тоа значи дека ќе го пропушти реваншот против Челзи, потоа четвртфиналето од Купот на Германија против Шалке, како и бундеслигашките пресметки со Хофенхајм, Аугсбург и Унион Берлин.

Во најсилното германско фудбалско првенство Баерн води со 49 бодови, само еден повеќе од второпласираниот Лајпциг, а на третата позиција е Борусија Дортмунд со 45.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот