ЛШ: Баерн со една нога во четвртфиналето, „магија“ на Мертенс за историја! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Челзи издржа во првото полувреме, но не и во второто каде што ги разочара навивачите, Гнабри за три минути двапати ја затресе мрежата на лондонскиот клуб.

Вечерва на првите натпревар од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите Баерн Минхен триумфираше убедливо со 0:3 над Челзи, а Наполи пред своите навивачи одигра 1:1 со Барселона. Реванш средбите на „Камп Ноу“ и „Алијанц“ арената ќе се играат на 18. март.

Екипата на Наполи дојде до позитива со еден прекрасен погодок реализиран од страна на Дрис Мертенс во 30. минута од средбата, немоќен беше голманот Тер Штеген.

Со тој гол Белгиецот се израмни со рекордот на Марек Хамшик за најмногу голови за најдобар стрелец во клупската историја со 121 гол. Каталонците израмнија во 57. минута после една препознатлива „тики-така“ акција која со погодок ја круниса Гризман.

Иако беше на клупата за резерви, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не настапи денеска за италијанскиот клуб. Кај гостите во самиот финиш од средбата два жолти картони доби Видал кој предвреме го напушти теренот поради неспортски потег.

Немаше голови после првото полувреме на „Стемфорд Бриџ“, но затоа на стартот од вториот дел двапати за период од три минути потклекна одбраната на Челзи.

Гнабри беше двоен стрелец во мрежата на Кабаљеро благодарение на Гнабри, а двапати асистираше Левандовски. По додавањето на Дејвис, полскиот интернационалец го постави конечниот епилог во 76. минута. Лошата вечер на премиерлигашот седум минути подоцна беше заокружена со црвениот картон на Алонсо.

В среда од 21.00 часот ќе се одиграат првите мечеви и на дуелите во Франција и Шпанија, Лион против Јувентус, и Реал Мадрид против Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот