Каков спектакл ќе биде ова, договорен бокс меч помеѓу двајцата најсилни луѓе на светот

Двајцата најсилни луѓе на планетата, Еди Хол и Хафтор „планината“ Бјорнсон, се договорија во септември идната година да ги вкрстат ракавиците во рингот.

Станува збор за победниците на натпреварувањето „World’s Strongest Man“ за 2017 и 2018 година. Хол победи во 2017 година, а наредната титулата на најсилен човек на светот му припадна на Бјорнсон.

Причината за „најсилниот боксерски дуел“ е постигнувањето на Бјорнсон од пред неколку дена кога го собори светскиот рекорд во мртво дигање на тегови. „Планината“ подогна неверојатни 501 килограм и за само еден килограм го собори рекордот кој дотогаш го држеше Хол.

– Следната година ќе ја посветам само на оваа борба. Доаѓам по тебе – му порача Бјорнсон на Хол кој има застрашувачки прекар „ѕвер“.

Хол го прифати предизвикот од „планината“ и најави дека пред да дојде до нивната пресметка во рингот, прво ќе сиу го врати светскиот рекорд во своја сопственост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот