„Планината“ Бјорнсон подигна 501 килограм (видео)

фото: твитер

Популарниот сер Грегор „Планината” Клегејн, својот рекорд го постави во вежбалница на родниот Исланд.

Познатиот актер Хафтор Бјорнсон од серијата „Игра на престолите”, го собори светскиот рекорд во дисциплината „мртво дигање тегови”.

Популарниот сер Грегор „Планината” Клегејн, својот рекорд го постави во вежбалница на родниот Исланд.

Тегот беше тежок 501 килограм, а тој издржа две секунди, по што следеше и победничкиот крик.

Настанот го пренесуваше „ЕСПН“, а снимка е објавена и на Јутјуб-каналот на Бјорнсон. Тој е висок 2,05 метри, пред две години победи на натпревар за најсилен маж на светот.

Претходниот рекорд во „мртво кревање” од 2016 година го имаше Британецот Еди Хол, кој стана првиот човек којшто подигнал тег од 500 килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот