Каков натпревар во забивање: Гордон го прескокна највисокиот играч во НБА, но остана без титулата (ВИДЕО)

твитер

Во натпреварот во шутирање тројки, триумфира Бади Хилд од Сакраменто.

На вториот ден од ол стар викендот во Чикаго, се одржаа индивидуалните натпреварувања, а во центарот на вниманието беше натпреварот во забивање.


На крајот титулата му припадна на Дерик Џонс Џуниор од Мајами хит, додека кошаркарот на Орландо, Арон Гордон повторно остана со празни раце.

Според мнгумина, и фановите и голем дел од медиумите, титулата требаше да му припадне на Гордон кој во последниот обид ја забите топката така што го прескокна највискиот играч во НБА лигата, Тако Фол.


Иако сите беа воодушевени од ова забивање, освен судиите кои му доделија само 47 поени, додека Џонс Џуниор за своето забивање доби еден поен повеќе и на крајот триумфира.

Во натпреварот во шутирање тројки триумфира кошаркарот на Сакраменто кингс.

Хилд воп финалето постигна 27 поени од можни 40 и беше поуспешен од Девин Букер кој застана на 26 и Давис Бертранс кои даде 22 поени.

Ланскиот шампион Џо Херис (Бруклин) беше елиминиран во првата рунда, заедно со Трае Јанг од Атланта, Девонте Греем од Шарлот, Данкан Робинсон од Мајами и домашниот фаворит од Чикаго, Зек Левин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот