Како во филм: Дилер на дрога осуден на смрт, ископал тунел од ќелијата и побегнал

Фото/Detik: Kadek Melda Luxiana

Кинески дилер на дрога, осуден на смртна казна, извел филмско бегство од затвор копајќи тунел од неговата ќелија до цевките на канализација.

Каи Чангпан бил во затвор на периферијата на главниот град Џакарта, бидејќи бил фатен како шверцува метамфетамин.

Фото: Tribun News

Меѓутоа, тој успеал да побегне така што ископал дупка во својата ќелија сè до цевките на канализација што воделе до блискиот пат надвор од затворот.

Како што навел неговиот цимер, тој го планирал бегството пет-шест месеци. Тунелот го ископал користејќи алат од мајсторите што ја обновувале затворската кујна.

Бегството го темпирал со промената на стражарската смена, вели портпаролката на индонезискиот Директорат за затвори.

Каи е осуден на смрт во 2017 година за шверц на 135 килограми кристал-метал.

Фото: Indonesian Police

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот