Како свежите јагодите да ви траат подолго?

Unsplash
Unsplash

Можете да ги јадете свежи, да правите вкусни пијалоци, да ги користите во колачи или пити. Одлично изгледаат и како декорација во бројни десерти, свежи овошни, па и зеленчукови салати, но најслатки се кога се јадат со малку шеќер или шлаг.  

Ако не користите јагоди веднаш, чувајте ги во фрижидер за да останат свежи подолго. Многу е важно да купите здрави плодови при купување на јагоди, кои се подеднакво црвени и без оштетување, а стебленцата исто така треба да изгледаат свежо, пишува „Ствар укуса“.

Пред да ги ставите во фрижидер, не ги мијте јагодите, туку поставете ги на салфетка ставена во сад. Исто така, многу е важно јагодите да се редат на едно ниво, односно да не ги ставате една врз друга.

Јагодите се највкусни кога се на собна температура, па извадете ги еден час пред да ги послужите.

Ако сакате да ги замрзнете, прво убаво измијте ги, исушете ги со хартиена крпа, па дури потоа извадете ги стебленцата.

Наредете ги плодовите еден до друг на плех со хартија за печење. Ставете ги јагодите така што страната на која беа стебленцата надолу. Ставете ги наредените плодови во замрзнувач да стојат 24 часа.

После тоа, можете да ставите замрзнати јагоди во класични кеси за замрзнување и да ги чувате до шест месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот