Како навистина изгледа Адријана Лима после тренинг (ВИДЕО)

Адријана Лима, фото Фејсбук

Бразилската манекенка и поранешен ангел на Викторија Сикрет, Адријана Лима (38), една од најубавите жени на светот откри низ какви маки поминува за да има совршено тело

адријана лима адриана
Адријана Лима на пистата за Викторија Сикрет шоу во 2014 година /Фото: EPA/JASON SZENES

Колку се тешки нејзините тренинзи Лима покажа со објава на Инстаграм, каде што е препотена од глава до пети.

„Ова не е вода, ова е пот“, вели задишаната Лима на видеото, додека потта и се слева по телото:

Адријана неретко споделува дека за нејзината линија заслужна е комбинацијата од физичка активност и здрава храна.

Исто така, манекенката практикува да тренира и бокс.
Во меѓувреме, во светските медиуми испливаа фотографии од бразилската убавица со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ (41). Тие неодамна беа уловени од папарaците, па се шпекулира дека разведениот пар можеби ги зближува нешто повеќе од нивните две заеднички ќерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот