Како на природен начин да ги избелите темните дамки на лактите и колената?

Насобирањето на мртви клетки, изложеност на сонце или хормонален дисбаланс може да бидат причина за потемнување на кожата кај лактите и колената.

Овие делови од телото немаат масни жлезди и затоа е важно да ги заштитиме од пресушување, со помош на соодветна нега и хигиена.

Доколку и вие имате мака со овој проблем, постојат неколку природни решенија кои ќе ви помогнат да се ослободите од темните делови на кожата

Погледнете неколку трикови со природни состојки:

Краставица

Нежно тријте неколку парчиња краставица на лактите и колената околу 15 минути. Оставете да отстојат уште 5 минути и потоа исплакнете со ладна вода.

Лимон и сода бикарбона

Земете лимон и пресечете го на пола. Посипете 1 лажица сода бикарбона на внатрешниот дел и тријте на лактите и колената 1 минута. Оставете да отстои 15 минути и потоа исплакнете со топла вода.

Повторувајте ја постапката на секои 2 дена додека да го добиете посакуваниот резултат.

Алое вера и млеко

Измешајте еднаква количина млеко и гел од алое вера и нанесете ја мешавината на кожата на лактите и колената. Оставете да отстои цела ноќ и следното утре исплакнете.

Куркума

Измешајте 1 лажица куркума во прав со 1 лажица млеко, а може да додадете и мед по желба. Мешавината нанесете ја на колената и лактите и масирајте неколку минути, а потоа оставете да се исуши природно.

Исплакнете со топла вода.

Кокосово масло

По секое бањање нанесувајте кокосово масло на колената и лактите и масирајте нежно 2-3 минути, додека маслото не се апсорбира во кожата.

Оцет и јогурт

Измешајте 1 лажица јогурт и 1 лажица јаболков оцет. Нанесете ја мешавината на кожа и оставете да отстои 15 минути, па потоа исплакнете со млака вода. Повторувајте ја постапката 2-4 пати неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот