Како ќе се реформира СДСМ и кој ги зема парите од Фондот за иновации? Утре во „Слободен печат“
Како ќе се реформира најголемата партија во опозиција, СДСМ, треба ли ново раководство по лошите резултати на последните избори, гледајте во интервју со пратеничката Сања Лукаревска и довчерашна потпретседателка на СДСМ во утринската емисија „Слободен печат“.
За изборите во САД и рефлексиите на изборите кон остатокот од светот зборувавме со професорот Методи Хаџи Јанев.
Кој го оштетил Фондот за иновации за 3,2 милиони евра? Што затекна новиот човек на чело на оваа институција и што ќе менува? Кој може да се финансира од ФИТР? Каде е Македонија во однос на иновациите? Има ли планови за развој на оваа поле, во интервју со Никола Додов, в.д. директор на Фондот за иновации.
Борис Какуринов е музичар кој публиката го познава како дел од дуото „Дупер“. Тој е музичар кој покрај ангажманите со својот бенд, пишува музика и за други изведувачи. Со него зборувавме за љубовта кон музиката и неговиот професионален и приватен живот.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.