Како ќе изгледаше табелата во Премиер лигата без ВАР одлуките? (ФОТО)

фото:твитер

Тотенхем најмногу би загубил при ваква ситуација. Навивачите не се баш одушевени како моментно функционира ВАР технологигата оваа сезона во Премиер лигата.

Начинот на применување на ВАР во Премиер лигата е жестоко критикуван во последно време, а најмногу поради милиметарските офсајди.

Многу се сигурни дека судиите поништија неколку чисти голови, иако ВАР покажуваше дека е офсајд.

После натпреварите кои се играа минатиот викенд повторно имаше неколку скандалозни одлуки поради ВАР, а интересно е тоа што се поништени повеќе од 20 голови поради дискутабилни одлуки за офсајд.

фото: твитер

Навивачите во Англија порачаа дека ВАР го „фаворизира“ Ливерпул и дека ситуацијата би била доста поразлична на табелата доколку не беше видео технологијата.

Но, британскиот „Сан“ објаи како би изгледала табелата доколку ги немаше сите ВАР одлуки.

Ливерпул и натаму би бил првопласиран, но само со шест бодови предност во однос на Манчестер сити кој би бил второпласиран пред Лестер. Да потсетиме, Редси моментно имаат 14 бодови повеќе од Сити кој е трет во генералниот пласман.

Најлошо би поминал Тотенхем кој без ВАР би бил дури на 12 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот