Како е откриена руската шпионка „Марија“ која ги носела во кревет вработените во НАТО

руски агент „Марија“ принтскрин Твитер

Тим истражители тврди дека открил таен агент на руската воена разузнавачка агенција ГРУ, кој поминал една деценија движејќи се меѓу вработени во НАТО во Неапол, преправајќи се дека е дизајнер на накит од Латинска Америка.

Агентот на ГРУ се претставувала како Марија Адела Куфелт Ривера и тврдела дека нејзиниот татко е Германец, а нејзината мајка Перуанка.

Нејзините тврдења немаа никаква врска со нејзиното вистинско потекло.

„Марија“ беше агент на ГРУ од Русија. Нејзиниот вистински идентитет беше откриен од мрежата Белингкет во партнерство со неколку медиуми, меѓу кои „Република“ во Италија и „Шпигел“ во Германија.

Живеела во многу држави, се дружела со вработени во НАТО

За време на нејзината кариера, таа живеела во Рим, Париз и Малта пред во 2013 година да се досели во Неапол, италијанскиот град каде што се наоѓа командата на НАТО.

Во Неапол, таа отворила продавница за накит под името „Сереин“ и водела активен социјален живот. Нејзините познаници велат дека благодарение на нејзината улога како секретарка во Неаполскиот огранок на меѓународниот Лајонс клуб, успеала да се спријатели со многу вработени во НАТО, а со еден од нив била во кратка врска.

Податоците се собирале со години

Извршниот директор на Белингкет и главен истражител, прво ја следел Ривера додека ја прегледуваше протечената база на податоци за граничните премини објавена од хакерска група која се бори против режимот на Александар Лукашенко.

Грозев пребарувал низ броевите на руски пасоши за кои се знае дека ги користеле оперативците на ГРУ, кога името Марија Адела Куфелт Ривера му привлекло внимание. Тој продолжил детално да истражува ио открил дека таа патувала под неколку различни руски пасоши со сериски броеви слични на оние што ги користеле другите оперативци на ГРУ.

Таков пасош користел и агентот обвинет за нападот со нервниот отров Новичок врз бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев и уште еден оперативец на ГРУ вклучен во нападот врз Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Солсбери во 2018 година.

Грозев утврдил и дека на 15 септември 2018 година Ривера купила билет од Неапол за Москва. Ден претходно, истражиувачите од Белингкет и рускиот партнер во истрагата „Инсајдер“ објавија напис за двајцата ликвидатори со отровот Новичок од Солсбери, под имињата на Руслан Боширов и Александар Петров, Во написот се посочуваат неправилности во податоците за пасошот кои укажуваат дека двајцата „трујачи“ се поврзани со безбедносните служби.

Инспекторите веруваат дека токму тогаш Ривера била повлечена од нејзините шефови, кои се плашеле дека други оперативци со слични броеви на пасоши би можеле да бидат компромитирани.

Два месеци по нејзиното ненадејно заминување од Неапол, Ривера се обидела да го објасни своето ненадејно исчезнување преку порака на Фејсбук на италијански јазик.

„Вистината што конечно морам да ја откријам… Косата расте по хемотерапијата, кратка е, но ја има. Ми недостигате сите, но се обидувам да дишам“, напишала Ривера обидувајќи преку преставување на својата лажна здравствена состојба да го оправда своето исчезнување пред своите пријатели.

Не е вообичаена пракса шпионот да „биде со ист идентитет “ со години.

Она што им паднало во очи на инспекторите е дека Ривера со години го имала истиот идентитет, имајќи предвид дека практика е агентите на ГРУ да патуваат во странство во брзи краткорочни мисии и редовно да го менуваат идентитетот, додека во ретки случаи како овој, некои агенти -шпиони делуваат под ист лажен идентитет.

Исто така, необично е што Ривера патувала со руски пасош, но причината за тоа би можело да биде што таа имала вредни контакти под тој идентитет, кои ртуската воена разузнавачка агенција ГРУ не сакала да ги загуби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот