Како Џулија Робертс го разочарала Пеп Гвардиола

Фото: EPA-EFE/Filip Singer

Манчестер Сити вчера го победи Лајпциг со 7:0, па очекувано тренерот Пеп Гвардиола беше расположен и зборуваше на најразлични теми, па така шпанскиот стратег стигна да раскажува и за Џулија Робертс.

Гвардиола сосема неочекувано на новинарите им откри дека познатата холивудска актерка била еден од неговите идоли и многу се разочарал кога дознал дека таа е фан на нивниот градски ривал, Манчестер Јунајтед.

„Ќе ви откријам една тајна. Без разлика што ќе се случи оваа година, дури и ако ја освоиме Лигата на шампионите или да освоиме три ЛШ во низа, јас ќе бидам губитник. Имам тројца идоли во мојот живот, Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Роберс“.

„Пред неколку години Џулија Робертс дојде во Манчестер. Не во 90-тите кога Фергусон освојуваше титули со Јунајтед. Дојде во период кога ние бевме подобри, а таа отиде да го посети Манчестер Јунајтед, не дојде кај нас! Затоа дури и ако ја освоиме Лигатан а шампионите, тоа не е споредливо со фактот што Џулија Робертс дојде во Манчестер и не дојде да не види нас“, раскажа Пеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот