ВИДЕО: Интер и Манчестер сити во четвртфиналето на ЛШ, пет гола на фантастичниот Халанд

Ерлинг Халанд/фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Дознавме уште две екипи кои ќе играат во четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, тие се екипите на Интер и Манчестер сити кои ќе им се придружат на Челси, Баерн Минхен, Милан и Бенфика.

Последните четвртфиналисти ќе бидат познати в среда по одигрувањето на реванш осминафиналните натпревари: Наполи – Ајнтрахт Франкфурт (2:0) и Реал Мадрид – Ливерпул (5:2).

После ремито на првиот натпревар во Германија (1:1), на „Етихад“ Манчестер сити го декласираше Лајпциг со 7:0.

Нов неверојатен настап имаше Норвежанецот Халанд кој дури петпати се запиша во листата на стрелците. По еден погодок за „граѓаните“ имаа Гундоган и Де Брујне.

Халанд е третиот играч кој постигнал пет голови во еден натпревар од ЛШ после Луиз Адриано со Шахтјор Доњецк во 2014 и Лионел Меси со Барселона во 2012 година.

Интер успеа на стадионот „Драгао“ да ја задржи предноста од првиот меч во Милано кога славеше со 1:0. Составот на Симоне Инѕаги одигра нерешено (0:0) против Порто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот