Украинските сили уништија два руски противвоздушни комплекси вредни милиони

Украинските сили со помош на вооружени беспилотни летала пронашле и уништиле два руски противвоздушни ракетни системи Бук додека се подготвувале за лансирање.

Руските системи вредни милиони биле уништени во регионот Суми, се вели извештајот на украинските власти.

„Првично, операторите на беспилотни летала открија еден руски ракетен комплекс за време на извидувачки мисии, кој беше во позиција за лансирање. Украинските беспилотни летала камикази го погодија и го оневозможија во намерата. Потоа пристигна уште еден Бук за да го евакуира првиот систем но и тој веднаш беше елиминиран“, се вели во извештајот.

Специјалните сили не прецизираа каков тип на беспилотни летала се користени за време на мисијата.

Снимката од камерата на дронот го покажа рускиот противвоздушен ракетен комплекс, проследен со експлозија што укажува на негово онеспособување.

Понатаму, вториот Бук беше виден и цел на дрон, што резултираше со уште една експлозија.

Иако времето и локацијата на снимката не можат да бидат независно потврдени од аналитичарите, постои голема веројатност дека тие ги прикажувале моментите на удирање на ракетните системи Бук, и покрај нискиот квалитет на видеото.

Според информациите од добро запознати извори, цената на најновата модерна верзија на овој систем за противвоздушна одбрана – Бук-М1-2 – е приближно 100 милиони долари. Сепак, само од видеото е тешко да се утврди која верзија е прикажана.

Противвоздушниот ракетен систем со среден дострел Бук е дизајниран да уништува стратешки и тактички авиони, крстосувачки ракети, хеликоптери и други воздушни објекти.

Може да се користи за воздушна одбрана, одбрана на воени објекти, важни административно-индустриски области и други зони при сценарија за масовен воздушен напад, а може да служи и како модул на интегрирана тактичка противракетна одбранбена мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот