Како да си играте со вашето бебе од 0 до 6 месеци?

Ајде да се потесетиме како сè можеме да го забајуваме нашето бебе, а притоа да го забразаме нивниот развој кој подоцна во животот многу ќе им значи.

По раѓањето на бебето, мајките најчесто се оптоварени исклучиво со доењето, што е нормално со оглед на тоа дека секоја од нас сака своето дете убаво да напредува и секој ден да добива на тежина. Но, покрај доењето, превивањето, капењето и грижата околу спиењето, мораме да се погрижиме нашите деца да бидат добро расположени и разиграни.

Затоа, покрај вообичаените обврски со вашето бебе, обидете се секогаш со секоја работа да имате насмевка на вашето лице, бидејќи тоа на децата, а посебно на бебињата многу им значи.

Во најраните месеци, тие го гледаат само нашиот израз на лицето и според тоа можат да откријат дали сте добро или лошо расположени. Иако на сите првиот период ни е многу стресен  понекогаш неподнослив, понекогаш би се расплакале, но нашите деца се тие кои ќе го извлечат и последниот атом на сила.

Имено, бебешките мозочни клетки секој ден се развиваат, а во нивниот развој можеме многу да помогниме. Во првите денови на животот доволно е да ги ставиме на својата кожа, да ги гушкаме, замотуваме, зборуваме и да се смееме за да ја охрабриме стимулацијата на невроните. Покрај наведените работи, веројатно спонтано правиме и други работи, но ајде да се потесетиме како сè можеме да го забајуваме нашето бебе, а притоа да го забразаме нивниот развој кој подоцна во животот многу ќе им значи.

Разговарајте со вашето бебенце

По целата работа што сте ја направиле со вашето бебе, време е за игра. Земете го вашето бебе во рацете, сместете се удобно и почнете да му кажувате колку ви го променило животот, колку ве прави среќна и на крај, колку го сакате. Насмевнете му се и дајте му до знаење како може да има доверба во вас. Вашиот глас го смирува бебето и му дава безбедност, затоа не двоумете се да разговарате со вашето бебе уште од рана возраст, дури и пред раѓањето.

Нежно нишкање

Ако сте расположени за нежно нишкање, можете да го сторите тоа држејќи го вашето бебе во рацете лесно темпо нишајте го полека од една до друга страна со нежно пеење на песнички. Ако пеењето можеби не е ви е опција, можете да пуштите нежна музика и малку да танцувате со задолжително придржување на главата на бебето.

Играчки во светли бои

Играчките со светли бои исто така делуваат стимулативно на мозокот на бебето. Можете да ги поставите на креветчето или на столчето додека на бебето му раскажувате приказна за секоја играчка.  Ако забележите дека вашето бебе веќе не е заинтересирано за игра, веројатно е време за одмор, затоа никогаш немојте да го форсирате вашето дете да остане будно, затоа што во првите месеци не е во состојба да го направи тоа.

Игра со прсти

За да го охрабрите вашето бебе да гледа во некој предмет или во вашите раце (прсти) тоа ќе го направите за да го привлечете неговото внимание. Доволно е да се сместите на околу 50 сантиметри пред него за да може да ве следи, и почнете со играње на предметот или прстите мрдајќи ги лево – десно и горе – долу . Откако ќе го направите тоа, допрете го носот или лицето на вашето бебе и многу лесно ќе приметите дали ве следи или не.

Прошетка 

Додека сте со бебето на прошетка немојте постојано тоа да биде во количката. Бебешката количка после некое време им здосадува и ќе ви биде многу поубаво во прошетката доколку вашето бебе малку го крените в раце за да може да го набљудува светот околу себе. Бебињата реагираат на звукот на автомобилите, сакаат да ги гледаат минувачите, а кога ќе седните на клупата во паркот, извадете го вашето бебе од количката за да може да набљудува.

Помеѓу петтиот и шесттиот месец може да очекувате дека вашето бебе полека ќе сака самостално да седи и постојано ќе пробува тоа да го направи, но сè уште ќе му треба поддршка. Во тој период вашето бебе повеќе и подобро разбира, ве гледа вас, го набљудува вашето лице, очи, коса, а најважно од сè ќе биде вашата возвратена насмевка. Смејте се заедно и уживајте во моментите на среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот