Како да имате затегнато лице како Меган Маркл? Тајната не е во скапи препарати (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоУбавина

Како да имате затегнато лице како Меган Маркл? Тајната не е во скапи препарати (ФОТО)

Нејзината тајна не е во скапи третмани и козметички производи.

Војвотката Меган Mаркл дури и на 38 години може да се пофали со затегнато и негувано лице, а нејзината тајна не е во скапи третмани и козметички производи.

Меган повеќепати зборуваше за својата страст кон фитнесот, убавината и здравиот начин на живот и секој кого тоа го интересира е упатен во нејзината веганска исхрана, но и во фактот дека сака минималистичка шминка, која не ги крие нејзините пеги.

Меган е очигледно благословена со добри гени, но наводно користи и неконвенционален метод за да ги зачува формата и цврстината на брадата и на образите.

„Правам вежби за лице кои ги осмисли мојата козметичарка. Тие буквално можат да го извајаат вашето лице. Се колнам дека тоа функционира, без оглед колку блесаво изгледа“, изјавила Меган уште во 2014 година.

Очигледно вежбите функционираат, што може да се забележи по лицето на војвотката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close