Како беше произведен звукот на песочниот црв во „Dune“?

Mark and Theo
Марк Мангини и Тео Грин/EPA

Филмот „Dune“ што деновиве ги освојува срцата на светската публика, многумина ќе го наречат „аудиовизуелно ремек дело“, а меѓу одличните тимови кои работеа на музиката и звукот во филмот, се вбројуваат и аудио инженерите Марк Мангини и Тео Грин.

Дуото, кое исто така работеше и на филмот „Blade Runner 2049“ на Вилнев, неодамна откри во интервју за „Wired Magazine“ како се произведени звуците на песичните бури и песочните црви, огромните суштества што живеат во песоците на планетата Аракис.

Имено, за да го произведе звукот што го испушта песочниот црв, Марк Мангини одлучил да стави микрофон во устата, а во исто време вдишувал големо количество на воздух и подголтнувал.

Идејата на тимот била да направат филмот да звучи како „документарец за планетата Аракис“

Според двајцата аудио инженери, станува збор за една од најинтересните и најкреативните техники што тимот некогаш ги искористил, чиј резултат е редок звук кој се разликува од звуците што се користат во другите холивудски филмови преку поконвенционални техники за дизајнирање звук. Идејата на тимот била да ја натераат публиката „да се чувствува како да живее во универзум што ние го препознаваме“ и да направат филмот да звучи како „документарец за планетата Аракис“ преку употреба на техника наречена Лажен документарен реализам (FDR). За таа цел, Мангини и Грин се одлучиле да ги отфрлат методите што се користат во блокбастер филмовите.

Тимот за дизајн на звук до крај остана доследен на креативната визија на режисерот Вилнев, чија цел била публиката да може да ги почувствува и почувствува движењата на суштеството преку акустичен или органски звук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот