Како Белорусите ги наполнија трибините со навивачи од целиот свет? (ФОТО)

фото: твитер

Парите од виртуелните влезници, екипата на Динамо Брест ги донираше за борбата против пандемијата на коронавирусот.

Белорусија е единствената европска држава во која и натаму се игра фудбал, а на натпреварите дури не е ниту забранет влезот на навивачите, иако бројот на гледачи не е многу голем.

На еден од тамошните фудбалски натпревари помеѓу екипите на Динамо Брест и Шахтјор од Солигорск (2:0) официјално на трибините имаше 813 навивачи, но делуваше како да ги има многу повеќе.

Домаќините многу итро ги повикаа навивачите ширум светот да купат виртуелни влезници, а за возврат нивните фотографии беа монтирани на кукли во облека на стари дресови од различни клубови и се наоѓаа на седиштата од трибините.

Парите од виртуелните влезници, екипата на Динамо Брест ги донираше за борбата против пандемијата на коронавирусот.

На трибините се најдоа навивачи од Русија, Иран, Велика Британија, Обединети Арапски Емирати и други земји, а секој од нив на домашна адреса доби официјална програма на натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот