Кајли Џенер на својата двегодишна ќерка Сторми ѝ подари ранец вреден 12.000 американски долари!

Instagram
Instagram

Милионерката Кајли Џенер ја воспитува својата двегодишна ќерка на многу необичен начин. Ѕвездата од семејството Кардашијан, Кајли Џенер (23) се пофали со новата етапа во животот на нејзината ќеркичка Сторми.

„Прв училишен ден“, напишала Кајли под видеото што го објавила на својот Инстаграм профил. Малата Сторми скока од радост помеѓу два луксузни автомобили, со скапиот ранец на рамена.

Instagram

Станува збор за ранец од бренот „Hermès“ во вредност од 12.000 американски долари. Се чини дека Кајли одлично ја „подготвила“ својата ќерка за училиште. Нејзните обожаватели се прашуваат зошто со две години девојчето веќе оди на училиште, дали станува збор за некоја шега?

Тие во коментари се пошегувале дека Сторми не знаела кој автомобил да го избере. Покрај тоа, во видеото го забележале раперот Тревис Скот (29), таткото на Сторми.

Тревис Скот и Сторми / Instagram

„Нејзиниот ранец е поскап од мојот мобилен телефон“, „Зарем не е рано да оди на училиште?“, „Само твојата облека е поскапа од мојата куќа“, „Мислам дека Сторми не треба да оди во училиште“, „Кој знае колку телохранители ја следат“, беа дел од коментарите на Инстаграм профилот на Кајли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот