Пред неколку месеци е отворена кафе-книжарницата „Гаврош“ нов културен простор во градот. За сопственичката Ника Гавровска, отворањето на кафе-книжарница е ризик кој секогаш постои, посебно кога е сублимат од две активности.
-Скопјани често даваат коментари од типот, „аха ова е читална“, „па служите ли кафе“, но нели секогаш е потребно време. Сцената е отворена за сите заинтересирани присутни, ние почнавме еден експеримент во кој покануваме сликари и писатели коишто ги испреплетуваат своите дела, вакви настани планираме да огранизираме и во иднина, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, сопственичката Ника Гавровска.