Кадетите пропуштија шанса да ја совладаат Грција во квалификациите за ЕП
По стартниот триумф над Финска, денеска кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија загуби од Грција минимално со 32:31 во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Препорачано
Во текот на мечот нашите ракометни надежи имаа водство по првото полувреме од 18:16.
Позитивата ја зголемија во вториот дел, поточно во 40 минута кога на семафорот водеа со 24:20.
И наместо да се одржува гол-разликата, дозволивме противникот да направи пресврт во самиот финиш и да дојде до триумфот.
За македонската селекција први стрелци беа Бобан Поповски и Петар Николоски со по пет голови.
Грција со оваа победа обезбеди пласман на континенталниот собир што ќе се одржи следната година во Србија.
Последниот трет натпревар Македонија ќе го има в недела од 15.30 часот против домаќинот на квалификацискиот турнир Луксембург.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


