Каде ли гледаа судиите, не му признаа чист гол на Емполи! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во рамките од 18. коло во италијанската фудбалска Серија Б, составот на Козенца дома славеше минимално со 1:0.

Стрелец на единствениот погодок за домаќините го реализираше Баез во 12. минута, но гостите можеа многу лесно да си заминат непоразени од ова гостување.

Но, наместо тоа да се случи, судиите во финишот од мечот не видоа чист гол, иако реагираа фудбалерите на Емполи, резултатот не се промени.

И двете екипи се борат за опстанок во шампионатот, Емполи е на 13. место со 22 бодови, два повеќе од Козенца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот