Израел Кац / Фото: Википедија

Кац: Израел ќе удри со целосна сила во Либан ако има закана од Хезболах

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека војската ќе употреби „целосна сила“ во Либан, дури и за време на важечкото примирје, доколку нивните сили се соочат со закана од Хезболах, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во меѓувреме, либанската армија соопшти дека повторно е отворен патот и мостот меѓу Набатија и Хардали на југот од земјата, кои претходно беа оштетени во израелските напади.

Дополнително, францускиот претседател Емануел Макрон утре во Париз ќе го прими либанскиот премиер Наваф Салам, соопшти неговиот кабинет, еден ден по убиството на француски мировник во Либан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот