Кабинетот на Пендаровски потврди дека е одбиено барањето за помилување на Катица Јанева

Фото: Принтскрин/Претседател.мк

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат дека е одбиено барањето за помилување на Катица Јанева, поранешен специјален обвинител.

-Исто така и Комисијата за помилување, којашто е помошно работно тело во Кабинетот на претседателот даде негативно мислење по барањето за помилување на Катица Јанева, се вели во соопштението.

Претходно, дел од медиумите објавија дека според извори од Комисијата, Јанева е на списокот на осуденици кои ја чекаат одлуката на Пендаровски за помилување.

Одлуката за одбивање на барањата, беше објавена уште на 4 мај. Оваа информација ја објавија 360 степени.

Инаку, Јанева и Панчевски првпат бараат помилување од шефот на државата, додека бизнисменот Кочан веќе еднаш се обиде да добие помилување во 2021 година, но и тогаш обидот беше неуспешен.

Катица Јанева, Сеат Кочан и екссудијата Панчевски барале Пендаровски да ги помилува, тој одбил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот