Јувентус си најде тренер во Англија

Повеќе нема дилеми во Јувентус, по третото “Не“ од Пеп Гвардиола, нов тренер на италијанскиот шампион ќе биде стратегот на Челси, Маурицио Сари.

Откако им пропадна примарниот план, челниците на „старата дама“ веднаш го активираа планот „Б“ и ќе потпишат тригодишен договор со Маурицио Сари кој ќе заработува седум милиони евра по сезона.

Италијанецот  моментно е тренер на Челси и има успешна сезона, ќе игра во финалето на Лигата на Европа, во Премиер лигата го освои третото место, веднаш зад неприкосновените Манчестер сити и Ливерпул но ја нема поддршката од навивачите на „сините“ кои не се задоволни од неговиот стил на игра.
Сари има договор на уште две години и најавуваше дека сака да остане во тимот но откако се јави Јувентус, одлучи да се врати во Италија.

Прочитајте и...  Џордан: Коби ми беше како помал брат, во три часот наутро ме прашуваше за кошарката! (ВИДЕО)

Тој не постави никакви специјални барања до управата на „старата дама“, единствено бара да се доведе уште еден дефанзивец кој би бил замена за капитенот Џорџо Кјелини, и евентуално да се направи обид да се купи Жоргињо од Челси. Сари на претседателот Андреа Ањели му најавил дека не сака да се откаже од Пауло Дибала и Миралем Пјаниќ кои се споменуваа како сигурни фудбалери кои ќе си заминат од „Алијанц“ арената.

Според дел од италијанските медиуми, Сари е предложен токму од Гвардиола кој му напоменал на Ањели дека Италијанецот е идеално решение за наредните две сезони пред тој да пристигне во Јувентус, бидејќи и двајцата тренери негуваат речиси идентичен стил на игра.

Прочитајте и...  1.000 дена до стартот на Мундијалот, Катар уште сега е подготвен

Прочитај повеќе

1.000 дена до стартот на Мундијалот, Катар уште сега е подготвен

Слободен печат

Иако играше и за Наполи и Барселона: Марадона нема дилеми за кого ќе навива вечерва

Слободен печат

Надал: Не сакам Новак да освои повеќе грен слем титули од мене

Слободен печат

Вајлдер го отпушти тренерот поради кој ја загуби борбата со Фјури

Слободен печат

СЕХА: Задар ќе биде домаќин на годинешниот фајналфор

Слободен печат

Бисерка Петровиќ: Кога го гледам Новак, како да го гледам мојот Дражен

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Двајцата најлоши напаѓачи во Европа играат во ист клуб

Слободен печат

Лешинарите не пропуштија да заработат на Коби и Џиана: 800 долари за маичка од комеморацијата

Слободен печат

Навивачите на Наполи го окупираа хотелот во кој се наоѓа Меси и изненадија со потегот (ВИДЕО)

Слободен печат

Како кошаркарите на Лејкерс ја примија веста за смртта на Коби: Хауард замина во тоалет и почна да плаче 

Слободен печат

ОФИЦИЈАЛНО: „Дерби“ Италија ќе се игра без гледачи

Слободен печат

Бредли Бил со достигнување како Коби Брајант (ВИДЕО)

Слободен печат