Јуве не се откажува, ќе го продава Дибала!

twitter.com/adriandelmonte

Сега откако е завршен преодниот рок во Англија, како нови опции за Пауло Дибала се одвојуваат ПСЖ, Баерн Минхен и Интер.

Францускиот шампион останува како главен „фаворит“ за услугите на фудбалерот, уште од стартот на летото е голема желба на директорот Леонардо.

Втор кандидат е Баерн кој досега ја следеше ситуацијата со Лерој Сане од Манчестер сити, но германското 23-годишно крило доби сериозна повреда на коленото и според најавите ќе паузира два месеци.

Интересна опција е и Интер, но Јувентус одбива да преговара со „неро-аѕурите“ околу Дибала, особено што Марота нуди размена за Икарди. Според „Кориере дело Спорт“, и натаму Наполи и Јувентус покажуваат интерес за Икарди, а сега и Рома се вклучи во трката.

Дибала и натаму чека, тренерот Маурицио Сари нема ништо против да остане, но клубот од Торино размислува поинаку

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот