Јуве без бодови во Лигата на шампионите, Алегри не е загрижен

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри/фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Јувентус синоќа после пресврт во второто коло од Лигата на шампионите загуби од Бенфика на домашниот терен во Торино со 1:2.

„Старата дама“ веќе четири натпревари по ред не знае за победа, се наоѓа во резултатска криза, но нејзиниот тренер Масимилијано Алегри не е загрижен за неговата позиција.

Најтрофејниот италијански клуб по две кола е без бодови во најквалитетното европско клупско натпреварување.

– Немам што да им замерувам на играчите, се соочивме со тешки услови, пеналот го промени текот на мечот на психолошки план. Нормално е дека очекувањата се големи, но факт е дека ни недостасуваат многу важни играчи. Едвај успеваме да ги одмориме играчите кои веќе имаат многу натпревари во своите нозе. Сега во Лигата на шампионите ситуацијата стана посложена, но сите заеднички мора да работиме мирно и одговорно – вели Алегри.

Следниот меч Јуве ќе го има во Серија А на гостински терен против Монца на 18 септември (15.00 часот).

ВИДЕО: Милан го урна „проклетството“ во ЛШ, Адеми и Ристовски поразени на Сан Сиро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот