Јуниорите ја декласираа Словачка за четвртфинале

Денеска во четвртото коло убедливо со конечен резултат 83:58 (16:18, 26:12, 22:12, 19:16) јуниорите ја совладаа репрезентацијата на Словачка.

Прв стрелец во победничките редови беше Јакимовски со 33 поени (осум скокови, четири асистенции), следен од Андоновски со 16 поени (девет скокови).

Нашата У18 селекција моментно е на првото место во групата Б со максимални осум бодови и го обезбеди пласманот во четвртфиналето.

Последниот петти меч Македонија ќе го има в среда против репрезентацијата на Данска, што ќе биде одлична шанса да се заокружи групната фаза со „пет од пет“.

Во претходните три средби славевме во шампионатот против Ирска (74:60), Украина (73:71) и Грузија (87:79).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот