Јубилејни 50 години од отворањето на најстариот активен лекторат по македонски јазик

Фото: МСМЈЛК при УКИМ

По повод 50 години од отворањето на најстариот активен лекторат по македонски јазик во светот – Лекторатот по македонски јазик во Париз, утре ќе се чествува со голем меѓународен симпозиум на  Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО).

Чествувањето е во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

На симпозиумот ќе има учесници од седум држави – странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети. Почитувачи на македонскиот јазик, литература и култура од Франција, САД/Канада, Шпанија, Полска, Сенегал и Тунис, заедно со македонските учесници ќе ја испратат пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следат, велат од МСМЈЛК при УКИМ.

Посочуваат дека со тоа што јубилејот се чествува во ваков формат, се укажува на значајноста со која присуството на македонистиката во Париз и ширум светот се согледува не само во билатералната соработка меѓу ИНАЛКО и МСМЈЛК при УКИМ туку и пошироко, во меѓународни академски и културни рамки.

ИНАЛКО организира и концерт на македонската народна музика, на француската македонистка и музичарка, Гаел Лекок и Анета Жорж, пејачка и композиторка, професорка на Американската школа за модерна музика во Париз (вокал, кавал и тамбура).

Со овој концерт и со посветеноста и на делото на Шопов на Симпозиумот, на ИНАЛКО, од Меѓународниот семинар велат дека преку ова чествување ќе се оствари влог и во афирмацијата и поттикнувањето поширок интерес за македонските книжевни и културни вредности воопшто.

Поддржувачи на организацијата на Симпозиумот се и МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот