ЈП „Паркови и зеленило“ планира 15 милиони денари за пошумување на Водно

Годинава јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ планира да вложи околу 70 милиони денари за инвестиции, од кои 15 милиони за пошумување на Водно и нешто помалку, односно 14 милиони денари за систем за далечинска детекција на шумски пожари. Според Инвестиционата програма на претпријатието за 2022 година, најмногу пари се предвидува да се потрошат за набавка на тешки возила, поточно 33 милиони денари.

Како што прецизираат во својата програма, потребните средства од 70 милиони денари се планира да се обезбедат од сопствени приходи, нешто над 40 милиони денари, а остатокот преку  субвенции од Град Скопје.

Реализацијата на инвестиционата програма за 2022 ќе за зависи прво од финансиските средства кои ќе се обезбедат главно од приходите од поврзаните друштва, односно приходите од ЈП „Водовод и канализација“ кои се добиваат како надомест за нашата работа согласно годишната програма усвоена од Советот на Град Скопје или од вкупно фактурираните сметки од вода и отпадни води кон крајните корисници, второ од очекуваните финансиски средства за подигање нови зелени површини и трето, од добиените субвенции од Град Скопје – се прецизира во Инвестиционата програма на претпријатието.

Минатата година, од предвидените инвестиции од 7,85 милиони денари, реализирани се 5,27.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот