Јове Кекеновски со контра статус на Никола Груевски: Се јави од Будимпешта храбриот херој во папучи

Откако синоќа преку објава на Фејсбук, поранешниот премиер Никола Груевски рече дека ниту тој ниту ВМРО ДПМНЕ се виновни за случувањата во Собранието од 27 април, денеска на неговата објава, исто преку Фејсбук, реагираше Јове Кекеновски.

„СЕ ЈАВИ ОД БУДИМПЕШТА ХРАБРИОТ ,,ХЕРОЈ ВО ПАПУЧИ”

Лажеше додека беше на власт, лаже и сега додека со папучи на нозете седи во некој удобен и топол апартман во братската му земја Унгарија и реагира на обвинението покренато за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.
,,Херојов во папучи” наместо да собере храброст да се врати дома и да ја сподели судбината со неговите му некогаш верни слуги одработувачи и пред неговите довчерашни судии и обвинители да ја докаже неговата наводна невиност тој се распишал статуси и глуми ,,девица”.
А тоа што многумина од неговите веќе се на робија, а некои допрва и ке робијаат, за него и не е така битно. Важно е дека се уште е актуелен и од далечина преку партиските му верни челници и другите негови прислужници ги влече конците.
П.С. Се додека во Република Македонија трпиме премиери и лидери кои бесрамно лажат, крадат и остануваат неказнети, а ние им посветуваме внимание и им даваме гласови, се дотогаш нема да станеме нормална држава.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот