Јовановска: Одјавите во АВРМ незначат секогаш престанок на работниот однос

Одјавите во Агенцијата за вработување не значат престаноци на работниот однос кај лицата. Во споредба со минатата година нема драстични промени во пријавите и одјавите што ги прават работодавачите. Ова вечерва во емисијата Топ тема на ТВ Телма го истакна директорката на АВРСМ Билјана Јовановска прашана за гужвите пред  Агенцијата и дали тоа се должи на отпуштања на работници.

-Агенцијата нуди услуга на работодавачите да спроведуваат пријава и одјава од задолжително социјално осигурување, а тоа значи дека лицата можат да бидат пријавени за социјалното сигуровање, но можат да бидат и одјавени. Едно исто лице во текот на месецот може да биде одјавено и наредниот ден да биде пријавено. Одјавата како процес се бележи и кога станува збор за мирување или неплатени отсуство од работа, појасни Јовановска.

Според неа, бројот на невработени за март е зголемен за 1900- 2000 лица. Таа информираше дека невработените со уредба на Владата за време на вонредната состојба не мора да се пријавуваат бидејки нив системот ги оправдува и се заштитени. Оние лица кои остануваат без работа или првпат се пријавуваат во Агенциијата тоа можат да го направат во центрите на АВРМ, појасни Јовановска.

Директорката на Агенцијата информираше дека АВРМ работи на активните мерки на Владата и оти веќе се подготвени договори за вработување на 1 500 лица  кои следната недела ќе засноваат  работен  однос кај приватните работодавачи со тоа што значи има вработување и регистрирање на пријави во задолжително  социјално осигурување.

-Овие 1.500 лица влегуваат во  дејностите угостителство, влегуваат во дејностите  текстил и најразлични видови на  дејност. Како институција не забалежуваме драстични промени во пријавите  и одјавите во задолжително социјално  осигурување споредено со  2019 година, а  ако земеме во предвид дека 2019 година  имаше најмногу регистрирани пријави  на работен однос односно задолжително социјално осигурување, истакна Јовановска.

Последниве години  зголемен е бројот на пријави од  работници за заштита на правата  од работа за прекршување. Инспекторатот  презема мерки во сите случаи и ако се  шират такви гласини како што кажувате дека се во спрега  работниот однос е двостран меѓу работникот  и работодавачот. Секогаш инспекторите се меѓу две страни  меѓу странат ана работникот и меѓу страната на  работадавчот. Ако инспекторот не  постапи согласно законот  едната страна е незадоволна. Често случаи има  каде што и работодавачите се незадоволни по постапувањето на инспектори. И затоа   инспекторот е должен да постапува  онака како што е предвидено со законот, а во понатамкошна постпака работниците можат да си ги остваруваат правата и  преку други органи преку судовите.

Се воделе постапки меѓутоа се утврдило дека инспекторите не направиле посериозни прекршување на постапката  при водењето на инспекциските надзори.

Како што појасни во емисијата трудовиот инпекстор Злате Стојановски, работодавачите при престанок на работниот однос  на работниците можат да ги одјават  во Агенцијата за вработување без таму  да приложат никакви документи.  – Таква е постапката во Агенцијата.  Доколку работникот смета дека со престанокот му е прекршено одредено право  тогаш може да приговара и кај работодавачот  и да поднесе пријава до Инспекторатот, рече Стојановски.

Состојбата со коронакризата, укажа, не враќа назад во почитување на работничките права.

– До минатата година односот помеѓу понудата и побарувачката  на работна сила донекаде се изедначи  и работодавачите потешко доаѓаа до работниците  односно имаше недостаток на работници  и веќе почнаа да се остваруваат повеќе работничките права. Работодавачите  внимаваа на остварување на правата. Меѓутоа  оваа ситуација веќе не врати назад  во тој дел со тоа што  веќе работодавачите посебно  работодавачите од дејностите каде што  согласно препораките односно мерките  на Владата се забранети да  работат: угостителството, туризмот , рестораните, кладилниците, казината, работодавачите  во овие дејности веќе ги отпуштаат работниците и им ги откажуваат договорите за вработување. И тука  ги прекршуваат правата, рече Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот