Јокиќ ќе игра за Србија на Мундобаскетот

EPA-EFE/STEVE DIPAOLA

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, кој вчера беше избран во најдобрата петорка во НБА лигата, потврди дека ќе игра за својата репрезентација на Светското првенство во Кина.
Тој во изјава за „Тајнуг“ го потврди тоа што со денови се шпекулираше, дека ќе биде дел од репрезентацијата на Србија на Мундобаскетот во Кина.

– Многу сум задоволен за тоа како ја одиграв сезонава во НБА лигата. Имав одлична година во која настапив на Ол стар натпреварот и бев избран во првата петорка на лигата. За мене круна на сезоната ќе претставува медалот за кој сум сигурен дека репрезентацијата на Србија може да го освои на СП и подготвен сум да дадам се од себе за да ја оствариме целта – изјави Јокиќ за „Танјуг“.

Светското првенство во Кина ќе се игра од 31 август до 15 септември, а селекцијата на Србија се наоѓа во група со Италија, Филипини и Ангола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот