Јоханис: Романија по 15 мај ќе воведе „состојба на подготвеност”

Забраната за собирање на отворен и на затворен простор и натаму ќе биде на сила, рече Јоханис. 

Романија нема да ја продолжи вонредната состојба по 15 мај, но ќе воведе „состојба на подготвеност” кога ќе дозволи некое мало олеснување на рестриктивните мерки, изјави претседателот Клаус Јоханис.

„Гардијан” наведува дека Јоханис истакнал дека епидемијата сè уште не поминала и дека романските граѓани ќе мора да бидат одговорни и претпазливи во наредниот период.

Јоханис додава дека ќе дојде до олеснување на некои мерки кои се однесуваат на патувањата, но на луѓето и натаму нема да им биде дозволено да патуваат во групи поголеми од тројца.

– Забраната за собирање на отворен и на затворен простор и натаму ќе биде на сила, рече Јоханис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот