ЈО: Гостиварец обвинет за телесна повреда при вршење семејно насилство

Семејно насилство. Фото: Архива на Слободен печат

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против 44-годишен жител на гостиварското село Долна Бањица кој при вршење семејно насилство сторил кривично дело „телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот зкаоник“.

Како што информира Јавното обвинителство (ЈО), на 2 мај, по претходна вербална расправија преку мобилен телефон, обвинетиот во близина на гостиварската болница со автомобилот пресретнал жена со која бил во врска. Жената се движела пеш и одбила да влезе во неговото возило, по што тој физички ја нападнал, ја влечел за коса и ја удирал со рацете по главата и лицето.

„Од ударите оштетената паднала на земја, па обвинетиот продолжил да ја удира со нога во пределот на стомакот и ребрата, нанесувајќи и повеќе телесни повреди“, соопшти ЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот