Јелен верува дека американската поддршка за Украина сега е поважна од кога било

Џенет Јелен/ Фото EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Буџетската поддршка на Соединетите Американски Држави за Украина сега е поважна од кога било, рече американската министерка за финансии Џенет Јелен.

„Американската финансиска помош е поважна од кога било, бидејќи е нераскинливо поврзана со успехот на Украина на бојното поле и помага да се зајакне националната безбедност на САД“, рече Јелен по повод усвојувањето на законот за дополнителна помош за Киев од американскиот Сенат.

Според неа, доделувањето дополнителни средства за Украина ќе биде „гаранција“ за другите донатори на Киев дека САД продолжуваат да ја поддржуваат таа земја.

„Меѓународните партнери, освен Соединетите Американски Држави, покриваа приближно три четвртини од потребите на Украина за надворешно финансирање во 2023 година и ќе продолжат да го прават тоа во 2024 година“, рече Јелен.

Таа нагласи дека недостигот на таква поддршка може негативно да влијае на американската безбедност и да ја ослабне позицијата на Украина, што би било победа за противниците на САД.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот го поздрави одобрувањето од Сенатот на нацрт-законот за помош од повеќе милијарди долари за Украина и го повика Претставничкиот дом да дејствува исто толку брзо.

Нацрт-законот, со кој се издвојуваат 60 милијарди долари за враќање на помошта за Украина, го помина последното читање од страна на сенаторите кои ги отстранија од документот контроверзните клаузули за финансирање на граничната безбедност и реформите за имиграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот