Јавен повик за домашните претпријатија „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”

ФИТР Фото: МИА

Домашните претпријатија имаат можност да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација, во рамки на новиот јавен повик што го објави Фондот за иновации и технолошки развој.

Јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст” има вкупен буџет од 5.060.000 евра.

Фондот обезбедува финансиска поддршка до 70 проценти од вкупниот буџет на проектот за микро претпријатија, но не повеќе од 2,5 милиони денари или не повеќе од пет милиони денари за мали претпријатија, до 60 проценти од вкупниот буџет на проектот за средни претпријатија, но не повеќе од 10 милиони денари.

Апликантот обезбедува сопствено кофинансирање од 30 проценти за микро и мали претпријатија, односно до 40 отсто за средни претпријатија од вкупниот буџет на проектот.

Рок за поднесување на предлог проекти е до 5 мај 2023 година а дополнителни информации се достапни на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот