Јанушев до Спасовски: Не пиеме нафта, бегството на Мијалков е најскапиот циркус координиран од мафијата

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев го праша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали навистина мисли дека јавноста му верува кога зборува дека нема договор меѓу премиерот Зоран Заев и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков за како што вели најскапиот „циркуз“ во државата.

Јанушев посочи дека била евидентна нервозата кај власта, и порача дека правдата за сите, брзо ќе дојде.

-Не пиеме нафта. Зборувате дека институциите се одговорни. За што се одговорни? За тоа што Мијалков сам се врати. Или се договоривте? Сами на себе не си верувате. Срам и брука сте за државата. Се она  што се случуваше деновиве со бегството на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков е циркус, не од оние за без пари, туку го гледаме најскапиот циркус бијеќи е организиран и кординиран од мафијата која си има своја држава. Ги гледавме Спасовски и Заев како велат дека системот е крив и дека системот не функционирал и затоа да видиме кои се главните механизми кои го водат системот. Тоа се токму тројцата минстери, за правда Маричиќ, за внатрешни работи Спасовски и премиерот Заев, затоа системот и не функонира, зашто овие луѓе го водат. Со кого мислите дека си поигрувате, НАТО позицијата, македонскиот народ, дали вашите по дома ви веруваат во циркусот што го направивте, праша Јанушев.

Според Спасовски, Јанушев не е најдобриот соговорник за оваа тема бидејќи бил другар по криминал со Груевки и Мицкоски.

-Криминалот и корупција се одлика на вашето време, во режимот. Секогаш крадецот вика држ те го крадецот и прашува зошто се водат такви постапаки. Ние и до сега покажавме дека правда мора да има за секого во оваа држава. Ова што сега го направија институциите со приведувањето на Мијалков и неможноста да избега од правдата, и ниту еден кој правел било каква штета на граѓаните и на државата не може а да не се соочи со правда. Во тој дел треба да бидеме сите на чисто и овие тези кои сега се прокренуваат дека некој нешто договорал со некого , мислам дека се демантираат една со друга. Нема никакви договарања, нема и да има со било кого бидејќи тоа не е одговорност и секој еден кој носел спротивни одлуки на законот и интересите на државта во секој момент треба да излезе пред лицето на правдата, рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот