Јанева за „бомбите“ на Ел Чека: Тие се јавно објавени и тој може да ги презема од Јутјуб

Фото:ТВ21

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пред Советот на јавните обвинители го презентираше шестмесечниот извештај за работата на СЈО. По седницата Јанева изјави дека членовите на Советот се задоволни од работата на СЈО и посочиле дека извештајот е исцрпен и со многу детали.

-Поразговаравме за извештајот, за предизвиците на СЈО и за новиот закон за јавно обвинителство. Се договоривме за некои технички работи во врска со новиот извештај. Во суштина тие беа задоволни. Немаше некои посебни недоразбирања. Задоволни се од нашата работа, од постигнатиот успех и од сите предистраги, рече Јанева и додаде дека доколку ја повикаат ќе го презентира извештајот и пред Собранието.

На прашање во врска со прислушуваните разговори што се објавени од Фејсбук профилот на „Ел Чека”, Јанева рече дека тие се јавно објавени и тој може да ги презема од Јутјуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот