Јанева: Дојдена сум да дадам исказ со цел да помогнам да се забрза истрагата (ФОТО)
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска дојде во Одделот за организиран криминал и корупција при Јавното обвинителство каде е повикана да даде исказ за случајот “Рекет”.
Таа на сослушувањето влезе со адвокат. Нејзин бранител е поранешниот шеф на Службата за државна безбедност, екс јавен обвинител, а сега адвокат Стеван Павлевски.
Во кратката изјава за јавноста Јанева рече дека таа се уште е Специјален јавен обвинител на Македонија.
– Моите колеги од СЈО се легитимни застапници на обвиненијата пред судот. Јас сум дојдена да дадам исказ со цел да помогнам да се забрза истрагата – рече Јанева.
Досега во обвинителството за случајот „Рекет“ сведочеа обвинителите Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинет на Јанева во СЈО. Своја верзија за „Рекет“ даде и осомничениот Кичеец, а Јовановски сѐ уште ја чека својата покана да се соочи со Русковска.